во ,

Од играње игри до врвна заработка: Македонци земаат и до 20.000 евра месечно во гејминг индустријата!

Играњето игри одамна не е само хоби. Тоа се трансформира во глобална индустрија вредна милијарди долари, а гејмингот стана професија за голем број млади луѓе.

Овој сектор го движат не само гејмерите кои играат на своите компјутери, туку и компаниите кои развиваат видеоигри, е-спортовите, „клауд“ гејмингот и онлајн натпреварите. Иако бројот на професионалци во Македонија е мал, можностите за заработка се импресивни, достигнувајќи и до 20.000 евра месечно.

Купи Маица

Македонски професионалци и предизвиците во е-спортот

Во Македонија има само 10 до 15 професионални играчи кои се на плата, поради огромната конкуренција на светско ниво. Иако е-спортот е признат како спорт од 2021 година, досега имаат добиено само еднаш финансиска поддршка од државата.

„Македонија во гејмингот беше многу повисоко рангирана отколку што е сега, кога освои две златни медали во 2021 година во Израел и во 2022 година во Индонезија“, вели Тотовски. Најзастапена старосна група во гејмингот е од 15 до 25 години, а најиграни игри се Counter Strike, Dota 4, Valorant и League of Legends.

Како до професионален гејминг: Почетоци и еволуција на индустријата

Оние кои се занимаваат со гејминг велат дека на почетокот не е толку важна добрата опрема. Може да се почне со минимална опрема како компјутер, телефон, лаптоп или таблет. Некои игри се плаќаат и бараат минимална инвестиција. Важно е да се нагласи дека играњето игри станува професија како и сите останати: ако сте добри, ќе заработувате, ако не, нема.

Светот на гејмингот постојано еволуира, привлекувајќи нови гејмери и отворајќи нови кариерни избори. Многу млади, па дури и возрасни, ја избираат оваа професија поради возбудата да работат на нешто што е нивна страст, но и поради големите можности во оваа индустрија. Експертите од оваа индустрија предвидуваат дека популарноста на гејмингот ќе продолжи да расте, со стотици милиони нови корисници во наредните десет години.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Синот на премиерот Мицкоски матурираше: „Од октомври се гледаме на Машински“

Дали Македонија станува клучна во мировниот процес? Сиљановска и Зеленски со важни детали!