Интернетот е преполн со снимки од луѓе кои неоправдано се уверени дека знаат да пејат, но некои “изведувачи“ се толку лоши што стануваат ѕвезди токму поради тоа.
Најновиот пример за тоа е снимката на девојка која под уметничко име Присцила Бон Џови се претставила во шоуто на бразилскиот комичар Сикер Џуниор, пеејќи ја својата верзија на песната „Total Eclipse of the Heart“.
-
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден
Снимката за еден ден ја прегледале повеќе од 9 милиони луѓе, а тешко е да се опише како звучи тоа – едноставно мора да се слушне. Ако се сеќавате на Бугарката Валентина Хасан, која стана хит откако ја измени песната на Мараја Кери во „Ken Lee“ – на добар пат сте.
Бразилката ја испеала песната користејќи измислени зборови, а според неговиот израз на лицето, таа го шокирала и самиот водител.
Снимката на Фејсбук е споделена 117 илјади пати.


