
Речиси еден од осум онлајн-купувачи во Германија бил измамен од лажни виртуелни продажни понуди во последните две години, покажува новото истражување.
Анкетата, спроведена од институтот за анкети „Форса“ во име на германските потрошувачи, открива дека измамничките веб-страници кои имитираат легитимни интернет-продавници станале сериозен проблем. Овие страници примаат уплата на пари, но купената стока никогаш не пристигнува кај купувачите.
Повеќе од само измама – се бара одговорност од „Гугл“ и „Мета“
-
La Linea v6
699 ден
524.25 ден
Следствено на ова, застапниците на потрошувачите велат дека големите интернет-платформи како што се „Гугл“ и „Мета“ (сопственик на Фејсбук и Инстаграм) мора да сторат повеќе за да ги заштитат корисниците. Причината е што околу половина од лажните продавници, забележани и испитани од тамошниот сојуз на потрошувачите, имале реклами токму на овие платформи.
„Компаниите што заработуваат пари од рекламирање, не можат да избегнат одговорност“, изјави претседателката на сојузот, Рамона Поп. Се очекува оваа тема да биде дискутирана и на Конференцијата за Денот на германскиот потрошувач во Берлин.


