
Александра Пријовиќ неодамна одржа незаборавен концерт во Виена, а еден од најемотивните моменти беше кога го изненади својот брат пред преполната публика.
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден
Познатата пејачка, која постојано ги изненадува своите фанови со топли гестови кон семејството, и овојпат не направи исклучок. Пријовиќ, која претходно на настап му пееше на својот татко, сега го воведе и својот брат во светлото на рефлекторите.
За време на изведбата на нејзиниот хит „Богата сиротиња“, Александра се симна од бината, седна на скалите и го прегрна братот, со што ги освои срцата на сите присутни. Публиката не остана рамнодушна на овој трогателен момент.
„Навистина секоја чест за неа, такво внимание кон семејството ретко се гледа. Прија заслужува огромен респект,“ гласеше еден од коментарите ододушевените фанови.
Сцената од Виена уште долго ќе се прераскажува, а видеото од моментот веќе е хит на социјалните мрежи.
@mestozlocina Porodica ispred svega!🤍 #aleksandraprijovic #bratisestra #ljubav #family #viral #fyp #beč #austria ♬ original sound – mestozlocina


