
Ниската излезност најавува втор изборен круг
Според резултатите од анкетата, на второ место се наоѓа двојката Ѓуров–Кандев со 30,6 отсто поддршка, додека трети се Костадинов–Волгин со 10,3 отсто. Истражувањето било спроведено кон средината на октомври врз репрезентативен примерок од 1.006 полнолетни испитаници преку теренски и онлајн интервјуа.
-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден
Социологот Добромир Живков посочува дека најголемата неизвесност во изборниот процес останува излезноста. Проценките укажуваат дека правото на глас ќе го искористат само околу 39 отсто од избирачите, што неминовно води кон продолжување на изборната трка во втор круг. Дополнителен фактор на неизвесност се гласачите кои одлучуваат во последен момент, чиј удел се проценува меѓу 15 и 20 отсто.
Пад на довербата и влијанието на геополитиката
Анкетата бележи и континуиран пад на довербата на граѓаните во државните институции. Доверба во владата имаат 36 отсто од испитаниците, додека на парламентот му веруваат само 18 отсто, а недовербата во законодавниот дом достигнала дури 64 отсто.
Покрај економската состојба и инфлацијата, врз расположението на избирачите силно влијаат и геополитичките случувања. Дури 68 отсто од испитаниците ги оценуваат случувањата во Црното Море како сериозна закана за националната безбедност на Бугарија.
„Економските грижи остануваат водечки фактор за граѓаните, но геополитичките поделби и чувството на несигурност сè посилно влијаат врз насоката на изборната кампања и крајната одлука на гласачите“, оценува Живков во својата анализа.


