во ,

Апокалипса на Филипините: тајфунот Калмеги остави пустош и 66 мртви

Тајфунот Калмеги (локално наречен Тино) ги разори Филипините, а бројот на загинати се искачи на 66.

Жителите на најтешко погодената провинција Себу се соочуваат со разорувачки последици – куќи претворени во урнатини, улици затрупани со отпад и уништени возила. Во градот Талисај, преживеаните ги пребаруваат урнатините, надевајќи се дека ќе го спасат она малку што останало. Меѓу нив е и Ејлен Окен (38), која кога дошла во своето некогашно маало, не го пронашла својот дом.

„Работевме и штедевме за ова со години, а потоа во еден миг сè исчезна“, изјавила таа со треперлив глас, додавајќи дека е благодарна што нејзиното семејство, вклучувајќи ги и двете ќерки, останале неповредени.

Повеќе од само бура – загинаа и војници

Себу, кој е важен туристички центар, е целосно разорен. Меѓу 66-те жртви има и шестмина припадници на војската, чиј хеликоптер се урнал во Агусан дел Сур на островот Минданао за време на хуманитарна мисија. Агенцијата за вонредни состојби пријави и 26 исчезнати и 10 повредени.

Разорувањето се случило само еден месец по земјотресот со јачина од 6,9 степени што го погоди северен Себу, усмртувајќи десетици луѓе. Калмеги, дваесеттата бура што ги погоди Филипините оваа година, сега се движи кон Виетнам.

Апокалиптични сцени и 200.000 евакуирани

Повеќе од 200.000 луѓе се евакуирани ширум регионот. Иако поплавите во градот Себу доцна синоќа се повлекле, струја сè уште нема на многу места. Фотографиите прикажуваат апокалиптични сцени: работници на Црвениот крст одат низ длабока вода, неретко користејќи чамци за да стигнат до жителите кои останале заробени. Во градот Лилоан, куќите биле целосно потопени, а видливи биле само покривите и горните катови.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Се бројат мртвите по падот на авионот, Луивил во пламен и црн чад

Запознајте го „чуварот на имотот“, раса постара од 13 век