во ,

Арсовска обвинува: Полицаец ми се заканува, МВР и Тошковски го штитат

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, вели дека полицискиот службеник Синан Алили ѝ се заканува на социјалните мрежи.

На својот Фејсбук профил, Арсовска напиша дека откако го прашала дали се работи за закана, полицаецот Алили веднаш го избришал коментарот. Ова отвора нови прашања за однесувањето на полициските службеници.

„Кога го прашав дали ми се заканува, го избриша коментарот“

„Синан Алили, кога го прашав дали ми се заканува или така ми се чини, инстант го избриша коментарот,“ напиша таа. „Сигурно Министерството за внатрешни работи и Панче Тошковски се исклучително горди на овој свој полицаец,“ саркастично додаде Арсовска.

Реклама

„И сега да прашам, ми препорачува Синан да бидам добра и глас да не ми се слуша? А ако според него не сум добра и не молчам, тогаш што?“ прашува градоначалничката.

„Жена сум и не ви се плашам“

Таа упати и директно прашање до министерот Тошковски. „Овие кадри треба да ни ја гарантираат безбедноста, Панче?“ „До сега полицијата не постапуваше по заканите што ги пријавував. Сега полиција се заканува, што е следно?“

„Да, жена сум и не ви се плашам,“ порача таа. „Ама дека не постапувате и дека штитите криминалци кои со фалсификат документи имаат стекнато над 150 згради вредни милиони, гледа целиот народ,“ пишува Арсовска.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Владата ќе направи сè за да им помогне на домашните компании да бидат уште поуспешни на странските пазари

Колку чини изгледот на Јелена Ѓоковиќ на Вимблдон? Само часовникот е 50.000 евра