
На гробиштата во општината Ѓорче Петров во Скопје, во саботата на Задушница, лицето Б.П. се претставувало како поп и пеело за душите на починатите.
Инцидентот го потврди и МВР. Кога пристигнала полицијата, неколку полицајци го привеле Б.П., додека посетителите на гробиштата останале збунети од случката, пренесува Skopje1.mk.
МВР го расчистува случајот
Од МВР наведуваат дека случајот се расчистува: „На 01.11.2025 на гробиштата во Ѓорче Петров во Скопје, постапувајќи по претходна пријава, од страна на полициски службеници од Одделението за криминал Ѓорче Петров легитимирано е лицето Б.П., кое вршело верски активности. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, наведува МВР.
Повеќе од само измама – злоупотреба на празник
Овој инцидент предизвика шок кај граѓаните кои дошле да им оддадат почит на своите најблиски, а наместо мир, биле сведоци на полициска акција. Настанот отвора сериозни прашања за злоупотребата на верските празници и чувствителните моменти на граѓаните за лична корист.
- 
La Linea v1
699 ден
559.20 ден - 
Петок
699 ден
559.20 ден - 
La Linea v3
699 ден
559.20 ден - 
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден - 
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден - 
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден 







