во ,

Битката со големиот пожар кај Блаце продолжува: Хеликоптерите на МВР и на Армијата исфрлија над 30 тони вода, а пожарот е делумно ставен под контрола

Пожарот што попладнето вчера избувна над магистралниот пат Скопје–Блаце, утрово е ставен под делумна контрола.

Сепак, борбата со огнените јазици сè уште не е завршена. Два крака и натаму се активни. Ова денеска го потврди директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

Ангелов: „Два крака сè уште се активни“

Како што информираше тој, уште од 5 часот изутрина, силите на скопската Противпожарна бригада излегле на терен. Тие се со повеќе возила и екипи. Поддржани се од воздух со два хеликоптери на МВР и еден армиски хеликоптер. На терен се и специјализираните возила на ДЗС.

Супер Летен Попуст

„Пожарот е ставен под делумна контрола, но за жал сè уште имаме активни два краци,“ изјави Ангелов. Тој прецизира дека еден од краците бил локализиран по воздушната интервенција. Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека нивните хеликоптери исфрлиле повеќе од 30 тони вода.

Причината е најверојатно човечки фактор

Причината за избувнувањето на пожарот сè уште не е официјално утврдена. Сепак, според директорот на ДЗС, најверојатно станува збор за човечки фактор. Тој се сомнева или на фрлен отпушок од автомобил во движење, или на намерно предизвикување на пожарот.

Ангелов апелираше до граѓаните да бидат исклучително внимателни. И да пријават веднаш на бројот 112 доколку забележат пожар. Во меѓувреме, сообраќајот кон граничниот премин Блаце е целосно нормализиран. Тој синоќа беше делумно блокиран поради ширењето на пожарот.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Голем успех: Прпарим Авдили, со потекло од Куманово, е кандидат за градоначалник на најголемиот град во Швајцарија

Ова е одлична вест за сите фриленсери, корисници на Airbnb и увоз-извоз компании