во ,

Благојчо Ѓоргиев: „Ми ја изгоревте внуката, а ми велите да молчам?“

„Вашиот распаднат и корумпиран систем ми ја изгоре внуката, а ми велите да не барам правда?“

„Грешка сте. Не само што ќе се борам, туку и ќе им направам пат. Ако треба – нека ми биде последното нешто во животот.“ Ова е дел од потресната објава на кочанчанецот Благојчо Ѓоргиев. Тој е вујко на загинатата Моника Спасова, млада мајка.

Летен Попуст!

Борба за правда до крај

Моника беше една од 62-те жртви во трагедијата во Кочани. „Ми ја одзедовте внуката што со срце се запиша на факултет,“ пишува тој. „Сонуваше за правда и за чесна работа.“

„Јас ја предупредив – во тој систем нема место за чесни.“ „Сè е корумпирано. МВР е приватна фирма.“ „Но, таа не сакаше да ми верува,“ додава Ѓоргиев.

Сонот на Моника за чесно МВР и разочарувањето од системот

Моника завршила студии по криминалистика. По завршената пракса во полицијата, му се јавила разочарана. „Вујче, во сè беше во право,“ му рекла таа. „Јас никогаш нема да работам во вакво МВР.“

„Сè што видов таму длабоко ме згрозува.“ „Ме избра мене, ја избра вистината,“ пишува тој. „Затоа што знаеше дека никогаш не сум ја излажал.“ „Ми рече: Секогаш ќе бидам на твоја страна,“ завршува со болка Ѓоргиев.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трамп ја лансираше најопасната идеја досега: Отворен повик за промена на режимот во Иран

Нов ценовен шок: Од полноќ значително поскапи бензини и дизел