Блажо бил во Скопје на шопинг, кога завршил со купувањето решил да си замине за Кавадарци…
Бидејќи го испуштил последниот автобус, решил да си замине со такси…
-
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден
Дошол до такси стојалиштето и прашал еден од таксистите која е цената до Кавадарци.
– 2000 ден! – му одговорил таксистот.
Блажо: Аман бре пријателе јас имам само 1000 ден.
Таксистот: Тогаш ништо не правиме.
Блажо: Ајде тогаш еве ти 1000 ден и вози до кај ќе стигнеме.
Таксистот: Може, ајде качувај се.
Се возеле и кај Велес таксистот застанал и му рекол на Блажо:
– Твоите 1000 ден до тука истекуваат, ајде излегувај од колата!
Блажо: Ај те молам до Градско однеси ме таму имам роднини па они ќе ме префрлат до Кавадарци
Таксистот: Нема шанси, ајде излегувај од колата…
После некое време Блажо пак заминал за Скопје и застанал на истото такси стојалиште. Овој пат стоеле наредени десетина такси возила, а на крајот од колоната го
забалежал таксистот кој го возеше до Кавадарци минатата недела.
Блажо дошол до првиот таксист и го прашал:
– Може ли за 2000 ден да ме однесиш до Кавадарци, и 1000 ден да ми го испушиш!!!
– Марш бе скапан! – му одговорил таксистот
Блажо го прашал и вториот таксист истото прашање.
– Гони се бре скапан, како не ти е срам, говедо едно. – му одговорил вториот таксист.
И така ги поредил сите и на крајот доаѓа до оној од минатата недела:
Блажо: Колку е до Кавадарци?
– 2000 ден исто како и минатата недела, што се правиш луд?
– Слушај, еве ти 2000 ден да ме однесеш до Кавадарци и еве ти плус 500 ден кога ќе тргнеш да им мафташ на твоите колеги и да им се смееш во фаца…


