во

Бугарија избира седми претседател: Втор круг меѓу Илијана Јотова и Андреј Ѓуров

Граѓаните на Бугарија денеска излегуваат на гласање во вториот изборен круг за да го изберат својот седми претседател, откако во првиот круг ниту еден од 27-те кандидати не успеа да обезбеди директна победа.

Битка меѓу Јотова и Ѓуров

Во трката за претседателската фотелја останаа двајца кандидати со силно политичко и институционално портфолио. Од едната страна е Илијана Јотова, која моментално ја извршува функцијата вршител на должноста претседател на државата. Таа настапува во тим со кандидатот за потпретседател Кирил Валчев, а нивната кандидатура ужива силна поддршка од владејачката партија „Прогресивна Бугарија“ и од Социјалистичката партија.

Супер Попуст -25%

Нивен директен противкандидат е Андреј Ѓуров, поранешен привремен премиер и екс-гувернер на Бугарската централна банка. Заедно со неговиот кандидат за потпретседател, Георги Кандев, Ѓуров ја има целосната поддршка од прозападните опозициски сили во земјата.

Отворени над 9.300 избирачки места

Според официјалните податоци на Централната изборна комисија (ЦИК) на Бугарија, право на глас на овие избори имаат речиси 6,6 милиони граѓани. За непречено одвивање на изборниот процес, низ целата земја се отворени 9.373 избирачки места кои ќе функционираат од 07:00 до 20:00 часот.

„Централната изборна комисија има рок од три дена по завршувањето на гласањето да ги објави конечните и официјални резултати од претседателските и потпретседателските избори“, информираат од ЦИК.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Америка пред избори: Повеќе од 200 милиони граѓани одлучуваат за контролата врз Конгресот

Две години од трагедијата во Нови Сад: Правдата сè уште недостижна за 16-те жртви од падот на настрешницата