
Психолошките и физиолошките докази сè повеќе покажуваат дека кучињата не само што забележуваат кога сопственикот е напнат, туку можат да реагираат и на неговиот стрес.
Истражувачите сметаат дека кучињата во текот на илјадници години еволуција покрај луѓето развиле чувствителност на сигналите што ги испраќаме без зборови, без разлика дали се работи за движења на телото, изразот на лицето, тонот на гласот или промените во мирисот што го придружуваат стресот. Во ситуации кога сте загрижени, анксиозни или вознемирени, кучето може со часови да го набљудува секој ваш потег, како да сака да разбере што ве мачи, наведува „American Kennel Club“.
Кучето го препознава стравот и стресот по мирис
Кога сте под стрес, вашиот глас се менува и станува понапнат. Вашето лице често ги одразува емоциите: веѓите се мрштат, мускулите на лицето се затегнуваат, а кучето ги набљудува овие суптилни промени.
Еден од најважните сигнали е и мирисот на телото, бидејќи стресот ги менува хемиските лачења преку потта и здивот. Истражувањата покажаа дека кучињата можат со многу висока прецизност да ги разликуваат примероците од пот и здив пред и по стресни ситуации (како јавен говор или решавање тешки математички задачи). Тоа значи дека кучињата реагираат не само на она што го гледаат и слушаат, туку и на она што го „мирисаат“.
Кога стресот го зголемува нивото на хормонот кортизол, доаѓа до промени во органските соединенија што ги испуштаме. Кога кучето ќе го почувствува вашиот стрес, тоа може да покаже знаци на несигурност, да избегнува да се приближи до садот со храна или „награди“, и да биде порезервирано. Ова сугерира дека стресот на сопственикот може да им го намали оптимизмот и мотивацијата.
Кога сте под стрес, смирувајќи се себеси го смирувате и кучето
Кучињата не се само пасивни набљудувачи. Кога сте вие напнати, тие можат да се обидат да ве смират, да го бараат вашето присуство, да лежат покрај вас. Спротивно на тоа, ако сте постојано во грч, и кучињата можат да станат попретпазливи и понапнати.
Смиреното однесување и активностите како прошетка или игра помагаат да се подобри состојбата на кучето. Тренингот и интеракциите имаат подобар ефект кога сте опуштени, бидејќи кучето тогаш не е оптоварено со вишок сигнали за стрес. Сопствениците треба да научат да ги препознаат сопствените знаци на стрес – стегање на вилицата, забрзано дишење – бидејќи, кога ќе ги забележат, можат свесно да се релаксираат пред стресот да почне да влијае врз кучето.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







