во

(Видео) „Летаа“ јајца кон Рама во Њујорк: Демонстранти го нарекоа „мафија“, тој ги нарече „хистерични кокошки“

Албанскиот премиер Еди Рама доживеа непријатен пречек за време на неговиот престој во Њујорк, каде што група демонстранти фрлаше јајца и предмети кон него, извикувајќи „мафија“.

Протести за време на Генералното собрание на ОН

Рама престојува во Соединетите Американски Држави по повод учеството на годишната сесија на Генералното собрание на Обединетите нации. На улиците во Њујорк, тој се соочи со револтирана група луѓе кои организираа протест против него.

Супер Попуст -25%

Според видео-снимките и извештаите од местото на настанот, демонстрантите упатувале остри навреди кон албанскиот премиер. Кон Рама биле фрлани јајца и други предмети, додека толпата гласно го скандирала зборот „мафија“.

Остар одговор: „Хистерични кокошки“

По инцидентот, албанскиот лидер не остана подолжен и се огласи преку социјалните мрежи, испраќајќи остра порака до демонстрантите кои го носеа националното знаме за време на протестот.

„На оние кои се нагрнаа со албанското знаме и клукаа по улици како хистерични кокошки, имам да им кажам само едно: Тоа знаме јас го имам кренато највисоко што било некогаш во очите на светот“, напиша Рама на платформата „Икс“.

Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Исповед која крши срца пет години по масакрот: Баба Стојанка сè уште го чека убиеното семејство Ѓокиќ да се врати

ВМРО-ДПМНЕ: Рубин Земон повторно во врвот на СДСМ и покрај ставовите за Гоце Делчев