
Паника, стампедо и скршеници
Инцидентот се случил околу полноќ кога непознато лице активирало солзавец во затворениот ВИП објект. Гостите во паника почнале да бегаат кон излезите за да се спасат од зачадениот простор. Посетителите пријавиле силно кашлање, задушување и печење во очите, а неколкумина накратко ја изгубиле и свеста поради вдишување на гасот.
-
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден
При бегството настанало стампедо во кое дел од гостите претрпеле сериозни физички повреди, вклучувајќи и скршеници на екстремитетите, по што итно се пренесени на понатамошно лекување во болницата во Зеница.
Истрага за предизвикување општа опасност
Полицијата веднаш излегла на местото на настанот за да ги утврди околностите. Портпаролката на Полициската управа на Зеничко-добојскиот кантон, Лејла Екиновиќ, потврди дека од 38 повредени лица, едно лице се здобило со тешки телесни повреди, додека останатите 37 поминале со полесни повреди.
Во јавноста веќе се појавија неофицијални информации дека солзавецот бил фрлен низ прозорец од тоалет, во непосредна близина на местото каде што се наоѓал сопственикот на клубот, поради што се шпекулира дека тој бил главната мета на нападот. Полицијата интензивно трага по сторителот и работи на расветлување на кривичното дело „предизвикување општа опасност“.
„Имаше многу луѓе. Луѓето се задушуваа, беше ужасно. Високи маси паѓаа врз млади мажи и жени. Неколку лица се сериозно повредени, многумина имаат скршени екстремитети и луѓето буквално остануваа без воздух“, сведочи една од присутните девојки.

