
Млад брачен пар се одлучува на венчавка. Но, загинале и двајцата во сообраќајна несреќа пред венчавката. Во рајот го сретнале Свети Петар и го запрашале дали може да се венчаат затоа што тоа многу ќе им значи, и се сакаат премногу.
-
Петок
699 ден
524.25 ден
Свети Петар им рекол дека никој до сега не се венчал во рајот, но ако се сигурни дека го сакаат тоа да отидат кај Бога.
Отишле кај Бога и му ја раскажале својата приказна, но Бог им вели да почекаат 5 години па да му се јават. И, поминале 5 години.
Отишле пак кај Бога, но тој повторно им рекол да почекаат уште 5 години…
Поминале и нивните 10 години во рајот, отишле кај Бога, и тој им вели:
– Може! Ќе има венчавка, јас частам сè!
И така, се венчале, живееле заедно една година, почнале да се караат и бидејќи веќе не се поднесувале, отишле кај Бога да му кажат дека сакаат развод.
Бог им вели:
– Добро бе, ми требаа 10 години за да најдам свештеник во рајот. Што мислите, уште колку ќе ми требаат за да најдам адвокат?!


