во ,

„Волво“ го претстави камперот на иднината: 600 км домет, соларни панели и цена што шокира!

„Волво“ го претстави својот прв електричен кампер – модел 2026 Volvo Camper Motorhome, кој веќе го нарекуваат „хотел со пет ѕвездички на тркала“.

Овој модел е огромен предизвик за скандинавските инженери, бидејќи тешките возила бараат многу енергија, а целта беше да се создаде луксузен кампер со доволна автономија, кој ќе работи на чиста енергија. Со футуристички дизајн и паметна технологија, овој модел ја спојува скандинавската естетика со идејата за целосен номадски комфор, пишува индискиот блог „Vriddhi School“.

Во производството се користат рециклирани и нетоксични материјали, а целта на компанијата е целосна јаглеродна неутралност до 2030 година.

Футуристички линии и паметен ентериер

Однадвор, камперот има заоблени линии за намалување на отпорот на воздухот, додека панорамските стакла овозможуваат поглед како од луксузен апартман. Внатрешноста користи рециклирано дрво и веганска кожа, а просторот лесно се претвора од дневна соба во спална, благодарение на модуларниот мебел.

Камперот го користи новиот „Smart Living Suite“ систем кој ги поврзува сите функции – светло, температура и забава. Вештачката интелигенција ги препознава навиките на патниците и може да ја загрее кабината пред будење. Со 5Г врска, тој станува и вистинска мобилна канцеларија.

Повеќе од само батерија – 600 км домет

Под подот се наоѓаат два електромотори со вкупна сила од околу 420 коњски сили и погон на сите четири тркала. Батеријата од 150 kWh овозможува домет до 600 километри, додека соларните панели на кровот можат да додадат уште околу 50 километри. Брзото полнење овозможува дополнување до 80 отсто капацитет за само половина час.

Цената е огромно изненадување

Иако погледот на ова визионерско возило асоцира на стотици илјади евра, тој сепак чини колку малку полуксузен електричен автомобил. Почетната цена изнесува околу 95.000 американски долари, што го прави еден од најпристапните луксузни електрични кампери на пазарот. Продажбата ќе започне во текот на 2026 година.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Додека Илон Маск лансира ракети, во Прилеп се лансираат пиперки

Иднината на пивото: „Хајнекен“ ќе се вари со џиновска батерија од 100 MWh