во , ,

Војната меѓу Трамп и Маск ескалира: Доналд Трамп не ја исклучи можноста за депортирање на Илон Маск од САД

Американскиот претседател Доналд Трамп не ја исклучи можноста за депортирање на милијардерот Илон Маск од САД.

Ова е најновата и досега најсериозна ескалација во јавната пресметка меѓу двајцата моќници. Таа започна поради предлог-законот на Трамп со кој се кратат субвенциите за електрични автомобили, што предизвика жестока реакција од Маск.

„Тој е вознемирен поради загубата на електрични автомобили. Многу е незадоволен од она што се случува,“ изјави Трамп. „Но знаете, тој има многу повеќе да изгуби од тоа,“ додаде претседателот со заканувачки тон.

На оваа изјава, Илон Маск одговори преку својот профил на социјалната мрежа Х. Тој напиша дека ќе се воздржи од понатамошна ескалација на ситуацијата, иако, како што вели, има силна желба да го стори спротивното. Ова е првпат да се спомене можноста за депортација на еден од најбогатите луѓе во светот.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Семките од лубеница: Дали треба да ги вадиме или слободно да ги јадеме?

Судот пресуди во корист на Костадинов: Водата била безбедна за пиење, Општината ќе поднесе кривична пријава