
Свежо утро, пријатни дневни температури
Според најавите од синоптичарите, времето денеска ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринските температури се движат во интервал од 1 до 11 степени, а максималните дневни ќе се искачат од 19 до 26 степени.
-
Апсана
699 ден
524.25 ден
Во главниот град Скопје времето ќе биде слично – променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура се спушти до 8 степени, додека максималната дневна ќе достигне пријатни 25 степени.
Стабилно време и следната недела
Слични временски прилики нè очекуваат и во периодот што следува. До крајот на новата работна седмица времето ќе остане променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од северен правец.
„Утринските температури ќе бидат пониски и посвежи, карактеристични за овој дел од есената, додека дневните температури ќе се задржат во границите на просекот за овој период од годината“, најавуваат метеоролозите.


