во

Вучиќ вечерва поднесува оставка: Ана Брнабиќ ја презема функцијата в.д. претседател на Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека вечерва официјално ќе поднесе оставка, со што го завршува својот втор претседателски мандат. Функцијата вршител на должноста претседател ќе ја преземе Ана Брнабиќ.

Емотивно збогување со кабинетот

Вучиќ веќе приреди коктел за вработените во неговиот кабинет, одбележувајќи го крајот на својот мандат. Преку снимки објавени на неговиот официјален профил на Инстаграм, тој се збогуваше со своите соработници со танц, оро и симболичните песни „А сад адио“ и „Четири години“.

„Ви благодарам што истрајавте и во моментите кога се случуваа работи кои не ви се допаѓаа. Несомнено сум грешел, како што тоа го прави секој нормален човек секој ден. Бескрајно ви благодарам за сè, десет години живот не се мал период“, им порача Вучиќ на присутните.

Оставка во 20 часот и нови избори

Супер Попуст -25%

Како што претходно најави за време на неговиот престој во Њујорк, оставката ќе биде поднесена вечерва околу 20 часот, кога се очекува детално да им ја образложи својата одлука на граѓаните на Србија.

Со овој чин, мандатот на Вучиќ автоматски престанува. Согласно српскиот Устав и Законот за претседател, шефот на државата го заменува претседателот на Собранието. Во овој случај, Ана Брнабиќ како претседателка на распуштеното собрание ќе ја преземе функцијата вршител на должноста претседател на Србија. Според законските рокови, новите претседателски избори мора да се организираат и одржат најдоцна во рок од три месеци од престанокот на мандатот.

Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ќерката на Анџелина Џоли заработува на улица: Вивиен продава свои цртежи за 10 долари

Денес се празнува Крстовден: Воздвижение на Чесниот крст Господов