
Колумна која ги бранува политичките води
Овие чувствителни теми ги отвори српскиот новинар Воислав Милованчевиќ во својата најнова колумна со провокативен наслов „Александар Вучиќ, дали си сè уште слободен?“. Во текстот, Милованчевиќ ја анализира новата политичка реалност, оценувајќи дека изборниот пораз ќе го покаже вистинското лице на лојалноста на функционерите – колку таа била искрена, а колку зависела од политичката моќ на Вучиќ.
-
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден
Авторот посебен фокус става на институционалната и политичката одговорност за трагедијата на Железничката станица во Нови Сад каде загинаа 16 лица. Милованчевиќ децидно нагласува дека евентуалните оставки на функционерите во никој случај не смеат автоматски да го затворат прашањето за нивната одговорност за претходно донесените одлуки и постапки.
Адвокатски обвинувања и најави за истраги
Во дебатата се вклучи и адвокатот Чедомир Стојковиќ, кој во изјава за ХРТ го обвини поранешниот систем за користење механизми за справување со критичарите. Стојковиќ информираше дека веќе поднел пријава против Вучиќ во врска со случајот „Сафари во Сараево“ и ја обвини претходната власт за обиди да ги прикрие кражбите и притисоците врз граѓаните.
„Никогаш не сме имале владеење на правото, дури сега имаме можност институциите да си ја работат својата работа и конечно да ги сместат криминалците кои се збогатиле енормно таму каде што им е местото“, изјави Стојковиќ, додавајќи свои лични очекувања дека и високи функционери на СНП би можеле да се соочат со истраги.
„Централната порака во српската јавност е дека политичката промена не треба да се претвори во одмазда, туку одговорноста мора да се утврдува исклучиво преку судски постапки, докази и независни институции.“


