
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави видео на социјалните мрежи во кое маж му упатува смртни закани. Снимката ја придружи со пораката „Ова видео ќе ве шокира“.
-
Пиво
699 ден
524.25 ден
Вучиќ соопшти дека не се чувствува загрозено и дека верува оти човекот од видеото бил изложен на манипулации, дезинформации и политички поделби.
Вучиќ го објави идентитетот на мажот
Српскиот претседател изјави дека станува збор за Саша Стевановиќ од Белошевац кај Крагуевац. Според него, Стевановиќ не е криминалец каков што се обидел да се претстави во снимката.
Вучиќ оцени дека заканите биле последица на влијанието на луѓе и медиуми кои, според неговите тврдења, со лаги и дезинформации се обидуваат да ја поделат Србија.
Тој нагласи дека не е обвинител ниту судија, но дека во рамките на законските процедури ќе се обиде да му помогне на осомничениот. Како човек кон кого биле упатени заканите, Вучиќ рече дека ќе потврди оти не се чувствува загрозено.
Подготвен е лично да му прости
Претседателот изрази уверување дека зад настапот на човекот од снимката стои, како што рече, „добар домаќин и Шумадиец“, кој бил заведен од лажни информации.
Вучиќ додаде дека очекува по шест месеци или една година двајцата да разговараат без формалности. Тој посочи дека би сакал Стевановиќ да ги види резултатите од проектите во Крагуевац, меѓу кои новата обиколница и работењето на фабриката „Стелантис“.
Во обраќањето најави и скорешен почеток на изградбата на Клиничкиот центар во Крагуевац.
Тој порача дека е подготвен на отворањето на обиколницата лично да му подаде рака на човекот и да му прости за изговорените закани. Според Вучиќ, Србија не треба да се дели, туку граѓаните треба да се обединат околу заедничките интереси.
Полицијата уапси 55-годишен маж
Српското Министерство за внатрешни работи соопшти дека полицијата го уапсила С. С. (55) од Крагуевац.
Тој е осомничен дека преку социјалната мрежа Фејсбук објавил смртни закани кон претседателот на Србија. Случајот понатаму ќе се води во согласност со законските процедури.


