во ,

Вучиќ со драматичен апел до јавноста: „Ве молам како обичен граѓанин… не го правете тоа, тоа е тешко кривично дело”“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави видео-снимка на социјалната мрежа Инстаграм.

Во неа, тој ги повикува студентите кои се во блокада и граѓаните кои ги поддржуваат, да не го блокираат Белград. Апелот се однесува на најавените блокади во раните утрински часови.

„Оние кои не ја сакаат Србија, сакаат да ви го загорчат животот“

„Денес е добар ден за нашата земја. Отворена е нова фабрика во Чачак. За само 48 часа ќе отвориме нов автопат,“ го започнува тој своето обраќање. „За жал, оние кои не ја сакаат Србија, а ги има и однадвор и во нашата земја, решиле да ви го загорчат животот.“

Реклама

„Решиле да ви го блокираат одењето на работа, да ви го блокираат нормалниот живот. Да ви го блокираат чувството да се чувствувате слободно во својата земја,“ вели Вучиќ во видеото.

„Ве молам да се вразумите, тоа е тешко кривично дело“

„Закажале целосни блокади во неколку градови, вклучително и во Белград, за утре наутро.“ „Јас ги молам, не само како претседател на Републиката, туку како обичен човек, да не го прават тоа,“ апелираше тој.

„Да се вразумат, да не ја мразат толку својата земја.“ „И да сфатат дека тоа се тешки кривични дела.“ Тој нагласи дека блокадите се спротивни на уставните норми за слобода на движење, како и на законите за безбедност во сообраќајот.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Детали за трагедијата: Жота загинал во Ламборџини вредно над 200.000 евра

Крај на чекањето на Табановце: Стартува системот „One Stop“ со Србија