во

Германската агенција за труд против владата: Намалувањето на визите за Западен Балкан е погрешен потег

Германската влада планира од јануари да ја преполови годишната квота за работни дозволи за граѓаните од Западен Балкан од 50.000 на 25.000, потег кој Германската национална агенција за труд го оценува како сериозна грешка која ќе ја продлабочи кризата со недостиг на работна сила.

Над еден милион работници од регионот веќе работат во Германија

Ванеса Ахуја, членка на одборот на директори на Националната агенција за труд, потсетува дека во моментов повеќе од еден милион луѓе од регионот (Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Албанија) се вработени во Германија со целосно платени придонеси. Таа апелира дека бројот на работници кои можат да имигрираат не смее да се ограничува.

Супер Попуст -25%

Статистиката покажува дека 53 проценти од имигрантите од Западен Балкан се вработени како квалификувана или висококвалификувана работна сила. Точно половина од нив пополнуваат работни места за кои на германскиот пазар на труд едноставно нема доволно домашни кандидати.

 

Квотата од 50.000 се исцрпува пред крајот на годината

Германија го воведе овој посебен контингент од 50.000 работни дозволи во 2016 година, овозможувајќи поедноставена постапка за имиграција за кандидати од сите профили. Побарувачката е толку голема што квотата беше целосно исцрпена пред крајот на 2025 и 2026 година.

Ахуја предупредува дека евентуалното намалување на квотите директно ќе влијае врз клучните економски сектори. Според неа, дури и успехот на државните инвестиции наменети за градежната индустрија зависи од тоа дали компаниите ќе имаат на располагање доволно работна сила.

„Намалувањето на квотите ќе го ослаби успешниот модел на имиграција, ќе го влоши дефицитот на квалификувана работна сила и ќе им го отежни на бизнисите да најдат соодветни работници“, децидна е Ахуја.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ескалација на Блискиот Исток: Танкер со два милиони барели нафта експлодира во Ормускиот Теснец, ракети погодија аеродром во Јемен

Аларм во Индија: Автономни AI модели тивко преземале лични и доверливи податоци од компании