Свеста е една од најголемите мистерии на човечкиот мозок – таа ни дава чувство на постоење и го обликува начинот на кој го доживуваме светот.
Филозофите и невронаучниците со векови се обидуваат да сфатат во кој дел од мозокот настанува. Додека некои теории ја поврзуваат со квантни сили или со целиот универзум, прашањето каде се раѓа свеста во самиот мозок долго остана без одговор.
Питер Копола, невронаучник од Универзитетот во Кембриџ, одлучи да ги истражи доказите од децениски собирани студии, фокусирајќи се на она што мозокот навистина го покажува, а не на популарните теории. Во невронауката, свеста се дефинира како „квалитативно субјективно искуство, односно ‘какво е чувството’ да се биде специфичен организам во специфична состојба“, пишува „Popular Mechanics“.
Дали свеста е во „стариот“ или во „новиот“ мозок?
Досега се сметаше дека свеста настанува во кортексот – надворешниот слој на мозокот богат со неокортекс, кој е еволутивно релативно нов. Субкортексот, вклучувајќи ги базалните ганглии и мозочното стебло, се сметаше за важен за основните функции како движење и вегетативни рефлекси, но не и за субјективното искуство.
Меѓутоа, истражувањата на Копола сугерираат поинаква приказна. Студиите на животни на кои им е отстранет дел или цел кортекс, како и набљудувањата на луѓе родени со ретки состојби како хидраненцефалија, покажуваат дека свеста сепак може да постои и кога кортексот е минимално развиен. Хидраненцефалија настанува кога мозокот не се развива, а е заменет со цереброспинална течност. Преостанатите делови вклучуваат делови од мозочното стебло.
Доказите што ја менуваат теоријата
Еден од највпечатливите случаи била 32-годишна жена со зачуван само мал дел од фронталниот кортекс. Кога ќе слушнела музика, нејзиното лице се осветлувало од задоволство – знак дека мозокот реагира и ужива. Слични однесувања биле забележани кај деца со хидраненцефалија: движења, реакции на звук и изрази на лицето укажувале дека субкортексот сам може да овозможи некаков вид на искуство и емоции.
Овие набљудувања ги поставуваат темелите за нова теорија: субкортексот може да биде основата на свеста, додека неокортексот служи за да ја збогати и унапреди. Ова го менува начинот на кој ја разбираме еволуцијата на мозокот и укажува дека постарите делови на мозокот, кои долго ги сметавме „само за рефлекси“, можеби се јадрото на нашиот субјективен свет.
Копола нагласува дека ова е само почеток на истражувањето. Следниот чекор е прецизно да се утврди кои субкортикални функции овозможуваат искуство и како минимална невронска мрежа може да создава свест. Овие увиди не само што нè доближуваат до разбирање на човечкиот ум, туку отвораат и етички прашања за третманот на пациентите со оштетувања на кортексот.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден