во

Дали почна „големата метла“? Истрага за корупција во Агенцијата за земјоделие

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) спроведува голема акција поради сомнежи за корупција.

„Во моментов истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и единиците на Министерството за внатрешни работи (МВР), под раководство на јавен обвинител од ова Обвинителство, вршат претреси на повеќе локации низ државата поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа“, соопштија од Обвинителството попладнето на 6 ноември.

Повеќе од само акција – на мета е Агенцијата за земјоделие?

Дел од медиумите објавија дека станува збор за коруптивни дејствија поврзани со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Но, од ОЈО ГОКК не открија повеќе детали и најавија дека со детали за акцијата ќе излезат утре, бидејќи претресите сè уште траат.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Ѓубре офанзива“ во Скопје: Орце Ѓорѓиевски и Мицкоски ја почнаа големата акција за чистење

„Ова е масакр!“: Лула бара истрага за полициската акција во Рио со 121 жртва