Дознајте дали на вашиот знак дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа.
Астролог Олга Савиќ
ОВЕН
Денес ве очекуваат друштвени активности. Ќе бидете во контакт со повеќе луѓе, добро сте расположени и остварувате солидна комуникација со сите. Во емотивниот сегмент сепак е нешто нагласена љубомората, со причина или без. Можете да го оптоварувате партнерот.
БИК
Имате одлични идеи што се однесува до забавата, а денот е добар и за секаков вид излети, пократки патувања. Ако ништо друго, опкружете се со драги луѓе. Кон саканата личност сте особено добро расположени и подготвени сте да ѝ удоволите на секој начин.
БЛИЗНАЦИ
Прилагодливи сте и подготвени да се вклопите во секој договор со пријателите и луѓето до кои ви е стало. Добар е моментот да соберете друштво и заеднички да излезете. Оние кои ќе изберат да останат дома, ќе поминат интензивни моменти со саканата личност.
РАК
Некои ваши размислувања ви го одвлекуваат вниманието и не ви дозволуваат да се посветите на она што сте го испланирале. Можно е интензивно да мислите на личност која неодамна сте ја запознале. Во постоечките емотивни односи може да има напнати моменти.
ЛАВ
Сите ве бараат, имаат сто предлози за вас, а вие ни самите не знаете на која страна попрво да се свртите. Во суштина, можеби најмногу би сакале да останете дома и да завршите нешто околу секојдневните обврски. Сепак, најдете малку време и за свое опуштање и одмор.
ДЕВИЦА
Денес е вистинскиот момент да се фрлите на емотивни активности и забава. Искористете го денот на најдобар можен начин – со пријателите, во прошетка, излегување, опкружени со оние кои ги сакате. Момент е на една личност да ѝ покажете колку сте заинтересирани за неа и што сакате.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден