
Првиот ден од март носи поинаква енергија – некои знаци ќе уживаат во мирот, други ќе се соочат со интересни ситуации
Овен – Имате многу обврски во мислите, но денот не е создаден само за работа. Оставете ги тешките задачи за утре и дозволете си одмор и уживање.
Бик – Денот речиси совршено ви одговара. Дури и ако некој околу вас е нерасположен, вие имате моќ да ја кренете атмосферата.
Близнаци – Сакате сè да правите лесно и спонтано, но околината можеби нема да ве следи. Можно е недоразбирање со семејството.
Рак – Имате желба за движење и дружење. Малку разочарување може да дојде ако некој одбие покана, но во љубовта преовладува топлина.
Лав – Ден за уживање во мали радости. Опуштен разговор или ручек со блиски лица ќе ви донесе вистинско задоволство.
Девица – Имате планови на повеќе страни, но ќе мора да прилагодите нешто. Пријателите ви се најголема поддршка денес.
Вага – Потребно ви е да ги оттурнете негативните мисли. Денот бара внатрешен мир и избегнување непотребни расправии.
Шкорпија – Интензивни разговори можат да донесат откровение. Не реагирајте импулсивно, слушнете ја и другата страна.
Стрелец – Желбата за промена е силна. Мал чекор денес може да отвори голема врата утре.
Јарец – Практичноста ви е сојузник. Иако е викенд, ќе размислувате за идни планови.
Водолија – Интересна и неочекувана ситуација може да ви го разубави денот. Бидете отворени за нови контакти.
Риби – Емоциите ви се засилени. Денот е добар за креативност и тивки моменти со себе.

