
Дознајте дали на вашиот знак дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа.
Астролог Олга Савиќ
ОВЕН
Расположението е добро, но не заборавајте ги обврските. Можен е притисок од страна на работодавачот. Емотивниот партнер е оптоварен и не е расположен за вашите промени на расположението.
БИК
Денес сте многу посветени на обврските и одговорни, па можете самите на себе да си создадете притисок во обидот да стигнете сè пред време. Убави заеднички моменти со саканата личност, иако нејзината брзоплетост ќе ве нервира.
БЛИЗНАЦИ
Брза промена на плановите и тешко прилагодување на такви ситуации е она што ве очекува во текот на денот. Нервоза поради финансии. Попладневните и вечерните часови искористете ги за партнерот или за дружење со пријателите – тоа ќе ве опушти.
РАК
Соработниците денес се доста напорни, но умеете да се прилагодите, иако сте прилично нервозни. Можни се „искри“ и привлечност кон личност со која соработувате или ја запознавате преку работа.
ЛАВ
Добра инспирација и лесно пронаоѓање квалитетни решенија за деловните ситуации. Големите ментални активности сепак ќе ве исцрпат. За да се „вратите“ – посветете ги вечерните часови на себеси, на партнерот или на друштвото.
ДЕВИЦА
Некој поситен проблем од финансиска природа може накратко да ве онерасположи. Но, генерално гледано – денот е продуктивен и поволен за вас. Некој многу ве привлекува и чувствувате потреба да го продлабочите контактот со оваа личност.
ВАГА
Нешто потешко функционирање во текот на овој ден. Претходниот период доста ве истроши и исцрпи и денес ќе функционирате „на мускули“. Би било добро овој ден да си го посветите на себеси и добро да се одморите. Ќе ви годи домашна, семејна атмосфера.
ШКОРПИЈА
Денес сè се случува премногу брзо и непредвидливо, што може да ве изненади. Некој покажува силно интересирање кон вас и се труди да ве анимира, но вие не брзате никаде.
СТРЕЛЕЦ
Денес сè во работата ќе функционира повеќе од добро, освен финансискиот дел. Тука или ве чека проблем со наплата или ќе потрошите повеќе отколку што смеете. Денот е добар да се опуштите и да уживате со партнерот или во забава.
ЈАРЕЦ
Вие денес најрадо би се свртеле кон себеси и своите планови, но малку е веројатно дека оние околу вас ќе ве остават на мира. Членовите на семејството или партнерот очекуваат да им го посветите своето внимание.
ВОДОЛИЈА
Денес ситуациите час ќе одат неверојатно брзо, час ќе забават или целосно ќе „закочат“. Секако дека ве нервираат ваквите околности, но ќе се обидувате да се прилагодите. Добар момент за нови познанства и за активности со спротивниот пол.
РИБИ
Денес веројатно ќе се потрошите финансиски повеќе отколку што смеете, но нема да жалите. Денот е одличен да излезете, да се забавувате, да се опуштите – просто кажано, малку да си угодите на себеси. А тоа вреди многу.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







