
Дознајте дали на вашиот знак дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа.
Астролог Олга Савиќ
ОВЕН
Вистински момент е да им го разубавите денот на оние што ги сакате, особено ако во претходниот период бевте нервозни и напнати и провоциравте конфликти. Вашата иницијатива е неопходна, бидејќи можно е саканата личност да се повлекла и замолчала. Обидете се да ја расположите и анимирате.
БИК
Нервозни сте и притиснати од некои размислувања. Дури во доцните попладневни и вечерни часови ќе бидете повторно „свои“ и ќе можете да функционирате понормално. Очигледно е дека некои ситуации со саканата личност не ви се допаѓаат. Изберете ја вечерта за поотворен разговор.
БЛИЗНАЦИ
Бидејќи веројатно претходната вечер сте биле во ноќен провод или сте седеле до доцна со друштвото, во првиот дел од денот ќе функционирате прилично променливо. Во попладневните часови стои можност за повик на некое поголемо друштвено собирање. Убаво поминете си и уживајте.
РАК
Во првиот дел од денот ќе се провлекува вашата нервоза и загриженост поради ситуации во семејното опкружување. Сепак, вториот дел од денот ви носи добро расположение и посветеност на личностите кои ги сакате. Не бидете исклучиви во комуникацијата со емотивниот партнер.
ЛАВ
Чувствувате голема нервоза и напнатост при контакт и средба со некого. Ако првпат излегувате со оваа личност, обидете се да се опуштите и да пуштите сè да оди по својот тек. Постои можност за напнатост во семејните односи. Расправии со постари членови на семејството.
ДЕВИЦА
Тешко е дека ќе бидете задоволни со случувањата. Денес малку работи ви одат од рака, а многу лесно влегувате и во проблематични или тензични ситуации со луѓето со кои доаѓате во контакт. Можете да го притискате партнерот, или тој вас – во секој случај – потребно е повеќе убави зборови!
ВАГА
Можно е ништо од она што сте го испланирале да не биде отворено за реализација. Договорите ќе се менуваат во последен момент, вие ќе се нервирате и ќе беснеете. Ако веќе гледате дека ништо не оди како што сакате – „искулирајте“, одморете се, релаксирајте се!
ШКОРПИЈА
Не морате баш сечиј збор кој некој ќе ви го упати денес да го „дочекате на нож“. Запрашајте се зошто постои толку нагласена нервоза. Ако веќе не можете да се опуштите во контакт со другите, подобро повлечете се и посветете се на себеси. Можеби ви е потребно да се дистанцирате од сите.
СТРЕЛЕЦ
Тешко е дека ќе можете да ги испочитувате сите договори и обврски кои сте ги закажале. Ем е премалку време, ем вие на некои од нив сте заборавиле и ќе бидете изненадени кога ќе ве потсетат. Ако и дојде до средба со саканата личност, тоа ќе биде некако на поминување, краткотрајно.
ЈАРЕЦ
Би било баш убаво кога не би ја истерувале својата волја на оние со кои доаѓате во контакт. Ако функционирате на тој начин, само ќе ги оптоварувате другите и тие ќе се тргаат од вас. Потребно е да се опуштите и да се обидете да уживате во овој ден.
ВОДОЛИЈА
Очигледно е дека нема да ве држи место, дека со задоволство ќе поминувате време во шопинг и контакти со драги личности. Проводот во текот на овој ден е загарантиран, па немојте да се каете подоцна кога ќе сфатите дека сте го испразниле паричникот.
РИБИ
Најрадо би се опуштиле и одмориле, но другите веќе го испланирале вашето време. Нема баш да ви годи да бидете во контакт со некои луѓе денес, но очигледно е дека оваа обврска ви е наметната. Подобро ќе се чувствувате во вечерните часови.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







