во

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 28 СЕПТЕМВРИ: Девиците ја решаваат работата, Шкорпиите чекаат пари, а на Стрелците им дува ветер во грб

✨ Дознајте дали дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа на вашиот знак.

♈

Овен

Взискателна, но успешна комуникација со соработниците и деловните партнери. Имате можности преку иницијатива да ги покренете оние прашања кои ве интересираат. Вториот дел од денот ви носи поголема интеракција со личност која многу ве привлекува, а која неодамна сте ја запознале.

♉

Бик

Денес можете да разрешите некои ситуации и во деловниот, но и во семејниот сегмент, само е потребна ваша посилна иницијатива. Не дозволувајте овие шанси да поминат покрај вас, не бидете неактивни. Партнерот во односот воведува некои промени кои воопшто не ви се допаѓаат.

♊

Близнаци

Одличен ден е пред вас, ќе се уморите, но ќе остварите поголем дел од она што сте го замислиле. Повеќе од добра соработка со колегите. Емотивниот партнер покажува добра волја да реши некој проблем кој од неодамна се појавил. Прифатете, не се инатете без потреба.

♋

Рак

Ден на голема ангажираност во деловниот сегмент, но ќе се чувствувате добро бидејќи ќе успеете да завршите повеќе од она што сте го очекувале. Кон емотивниот партнер настапувате доста нетактично. Другата страна ќе ви возврати со иста мера.

♌

Лав

Денес сте во добро расположение, па полесно ќе поминувате и преку поситните напнати ситуации во деловниот сегмент. Добар момент да одработите некоја обврска која константно ја одложувате. Одличен ден за нови познанства. Флертувањето е нагласено.

♍

Девица

Ја имате целата потребна поддршка за да направите позначајна промена во деловниот сегмент. За приватниците следи важен деловен разговор. Ден на склад и поттикнувачко расположение со емотивниот партнер. Некои несогласувања можете да ги решите за миг.

♎

Вага

Се ангажирате околу деловен договор, иако мислите дека тешко ќе успеете во своите намери. Меѓутоа, резултатот може да ве изненади. Имате чувство дека партнерот не ве поддржува и дека не ги разбира принципите по кои функционирате.

♏

Шкорпија

Расчистивте доста важни деловни обврски во првата половина од денот и вториот дел ќе го искористите да се обидете да покренете разговор за некои пари кои никако да легнат на вашата сметка. Имате големи планови со емотивниот партнер.

♐

Стрелец

Доста сте снаодливи во текот на денешниот ден, а вистина е и дека некои околности се местат во ваша корист, па на полесен начин ќе покренете една соработка која ви е важна. Емотивниот партнер очекува нешто од вас, но не сум сигурна дека ќе успеете да го испочитувате.

♑

Јарец

Деловниот партнер ќе ве изненади со една понуда. За ова што ви се нуди вреди да размислите, дури и ако не сте целосно задоволни од условите. Преговарајте. Разочарани сте бидејќи саканата личност веројатно нема да биде во можност да се види со вас.

♒

Водолија

Преку разговорот со деловниот партнер добивате ветување на кое знаете дека можете да сметате. Денес е ден за сериозни приказни кои можат да имаат значајни последици по вашиот деловен сегмент. Одличен момент е за комуникација со емотивниот партнер и решавање на важни прашања.

♓

Риби

Решивте денес да завршите нешто што долго го одложувате и од сабајле ќе се фрлите на работа. Одличен ден е пред вас. Емотивниот партнер ви испраќа сигнали, но вие како да не забележувате. Насочени сте целосно кон деловниот сегмент.

Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Временска прогноза: Променливо облачно со сончеви периоди и температури до 26 степени

Тајната на совршената плескавица: Како да подготвите сочно месо како од кафеана