во

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 30 АВГУСТ: Јарецот денес е во дилема, Бикот е полн со енергија, а Ракот е осамен

✨ Дознајте дали дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа на вашиот знак.
Астролог: Олга Савиќ

♈

Овен

Имате добри планови за провод и ќе направите сè за да ги спроведете на дело. Емотивниот партнер можеби баш и нема да се согласи со сите ставки што сте ги испланирале, или ќе се труди дел од времето да го помине во свое друштво. Сепак, пред себе имате еден убав и исполнет ден.

♉

Бик

Саканата личност е полна со енергија и подготвена на секакви предизвици, а вие порадо би се одмориле, би поминале повеќе време насочени само кон себе. Можно е дури во доцните попладневни часови да успеете да договорите видување. Сепак, и со само неколку заеднички поминати часови, ќе бидете задоволни.

♊

Близнаци

Вашата околина очекува да ги обавите работите или договорите на кои сте се обврзале. Денес немате некои посебни случувања, главно времето ќе помине во средби и опуштени разговори со пријателите или со луѓето кои ви се драги. Можете да ја контактирате и симпатијата, подготвена е за средба со вас.

♋

Рак

Доколку сте осамени, ве советувам да излезете и да отидете малку во провод, ќе се расположите и ќе си поминете подобро отколку што очекувате. Доколку имате сакана личност, пред вас е ден исполнет со романтика, интензитет и сензуалност.

♌

Лав

Подготвени сте денес да се „жртвувате“ заради другите. Колку тоа ќе излезе добро на крајот, тоа допрва ќе го видиме. Во секој случај, ќе се поставите и кон членовите на семејството и кон емотивниот партнер на најдобар можен начин. Подготвени сте на отстапки и прилагодувања.

♍

Девица

Уживајте во времето кое ќе го поминете со лицата кои ви се интересни или со емотивниот партнер. Доколку сте сами, одличен момент е да покренете посилна комуникација со некој кој ве привлекува. Исто така, можни се и нови познанства.

♎

Вага

Ќе го чекате вистинскиот момент за да изнесете предлог пред некој од домашните или пред емотивниот партнер. Ова е нешто што ви е важно, затоа и чекате сите коцки да се поклопат и да настапите токму тогаш кога треба, кога ќе почувствувате дека другата страна е расположена и подготвена за договор.

♏

Шкорпија

Што и да правите, со кого и да се сретнете во текот на денот, ќе се трудите да го наметнете своето мислење и ставови. Бидете внимателни кога е партнерот во прашање, бидејќи тој нема да го трпи тоа. Можно е во попладневните или вечерните часови да бидете пољубоморни, со причина или без.

♐

Стрелец

Премногу размислувате за работи кои не можете да ги промените, барем не во овој момент. Не нервирајте се без причина, бидејќи прашање е во која насока ќе се одвива ситуацијата за која се грижите. Ако криете некои работи од емотивниот партнер, би било добро да бидете внимателни.

♑

Јарец

Денес сте во дилема – кому да му дадете предност – на саканата личност или на пријателот… колку и да ви значи вашето сакано битие, ми се чини дека сепак пријателството ќе го ставите на прво место. Уште повеќе ако оваа личност не сте ја виделе одамна, или сте договориле средба уште пред извесно време – љубовта може да почека.

♒

Водолија

Би било одлично да си угодите себеси и овие моменти да ги поминете некаде надвор од семејната или домашната атмосфера. Потребно ви е да прошетате, да бидете на свеж воздух, да не ве држи место. Ако саканата личност е подготвена за акција со вас, одлично. Ако не е – ќе си заминете во скитање сами.

♓

Риби

Големи планови за денешниот ден, но ми се чини дека на повеќе места сте дале ветување дека ќе се појавите. И како сега ќе го вклопите сето тоа, тоа е веќе прашање. Препуштете се на моментот, па каде и да ве одведе ситуацијата. Некогаш најдобрите работи се случуваат сосема непланирано.
Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

СОНЧЕВО И ПЕКОЛНО ТОПЛО: Температури до 36 степени, а наместа можни се попладневни грмежи и засилен ветер!

Овој грашок со свинско има сос за кој лебот станува задолжителен