
Индиректни разговори и мировни напори
Претставници на САД и Иран неодамна одржаа индиректни разговори преку посредници со цел да се стави крај на седуммесечната војна. И покрај тоа што Вашингтон претходно го одби иранскиот предлог за седумдневно примирје, дипломатските канали остануваат отворени.
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден
Претседателот Трамп пред новинарите беше дециден во врска со исходот на актуелната криза:
„Ќе победиме. Ако мене ме прашувате тоа ќе биде постигнато на еден или друг начин. Сѐ ќе се случи многу брзо“, порача американскиот претседател.
Позадината на иранскиот предлог и барањата
Претходно неуспешниот ирански план за примирје содржеше неколку клучни точки за запирање на непријателствата во Иран и Либан, меѓу кои:
- Одмрзнување на ирански имот во вредност од една милијарда долари.
- Целосно укинување на американските санкции за иранската нафта.
- Укинување на американската поморска блокада на иранските пристаништа.
- Заузврат, Иран требаше да ја одблокира стратешки важната Ормуска Теснина, по што би се отворил пат за преговори за нуклеарната програма.
И покрај отфрлањето на овој план, двете страни во минатото, во април и јуни, во два наврати успеваа да договорат привремен прекин на огнот преку индиректни мировни преговори, а сегашните изјави најавуваат интензивирање на напорите за дефинитивно разрешување на кризата.


