во ,

Дончиќ испиша историја пред „најжешката“ жена во светот, таа го бодреше од првиот ред

Лука Дончиќ претходната ноќ испиша историја, станувајќи првиот кошаркар во историјата на НБА лигата со 40+ поени, 10+ скокови и 5+ асистенции на првите два меча во сезоната.

Лос Анџелес Лејкерс ги поразија Минесота Тимбервулвс со 128-110 и го запишаа првиот триумф во втората сезона, а Словенецот имаше неверојатна партија со 49 поени, 11 скокови и осум асистенции. Леброн Џејмс не ни играше, а не му беше ни потребен.

Викенд Намаление

Сепак, медиумите веднаш забележаа дека за Лука и тимот навивала и една од „најжешките“ девојки во САД – 26-годишната пејачка Медисон Бир, што сугерира дека Словенецот бил посебно мотивиран.

Која е убавицата од првиот ред?

Ѕвездата на НФЛ и квотербек на Лос Анџелес Чарџерс, Џастин Херберт, присуствувал на натпреварот во петокот, седејќи покрај теренот со својата девојка, споменатата Медисон Бир.

Парот првпат беше поврзуван во август, а јавно ја потврдија врската во октомври. Медисон Бир, покрај со пеење, се занимава и со пишување текстови и продукција, а двапати била номинирана и за Греми. Таа често привлекува внимание со својот изглед и со контроверзните настапи.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дали оваа комета е вонземјански брод: Одговорите за 3I/ATLAS доаѓаат на 29 октомври

Родителите се враќаат во Кина, но нивните деца-панди близнаци остануваат во Франција