во , , ,

Европа гори: Пожари во Грција, Турција и Шпанија, илјадници туристи евакуирани

Иако летната сезона само што започна, шумските пожари веќе прават големи проблеми во популарните туристички дестинации.

Топлотниот бран што ја зафати Европа донесе температури преку 40 степени во повеќе држави. Сушата и високите температури, за жал, доведоа и до појава на бројни пожари. Во моментов, пожари беснеат во Грција, Турција и Шпанија.

Пожари во Грција: Евакуации на Крит, во Атина, на Халкидики и на Евија

Околу 5.000 туристи и жители на грчкиот остров Крит се евакуирани од средата навечер. Ова е поради разорните шумски пожари кои избувнаа во близина на градот Јерапетра. Иако пожарот е делумно ставен под контрола, опасноста не е помината.

Реклама

Пламен беснее и на полуостровот Халкидики, во близина на градот Вурвуру. Пожар избувна и на островот Евија, во општина Каристос, каде е во тек евакуација на населението. Во борбата со огнената стихија се користат и воздушни средства.

Трагедија во Турција: Две жртви во пожарите кај Измир

Службите за вонредни ситуации во западна Турција со денови се борат со шумски пожар. Силните ветрови дополнително го разгоруваат пламенот. Според турските медиуми, еден 80-годишен маж кој бил врзан за кревет починал бидејќи не можел да биде евакуиран.

Друг маж, шумски работник, починал додека се борел со пожарот. Пожарите се особено силни во правец на туристичките места Чешме и Алачати. Неколку села морале да бидат евакуирани.

Пожари и во Шпанија, се стравува од тешко лето

Две лица загинаа и во шумски пожар во Каталонија, Шпанија, оваа недела. Пожарот избувнал на земјоделско земјиште и бил локализиран во средата. Меѓутоа, како што летната сезона е само на почетокот, постои страв дека и ова лето ќе биде обележано со бројни пожари. Поради тоа, се апелира до сите да бидат внимателни.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Јакимовски со сарказам до Мицкоски: Да воведеме и данок на купени дипломи и изгубени премиери?

Арсовска со нова акција: Откриен див приклучок за наводнување на илјадници квадрати пластеници