
Гејмери, внимавајте што симнувате: Лажни модови ви го празнат крипто-паричникот
Експертите од Kaspersky вклучија црвен аларм за гејмерската заедница. Новиот малициозен софтвер наречен „Stealka“ масовно се шири преку лажни модови, крекови и читови за популарни игри (како GTA V). Напаѓачите користат професионално изработени лажни веб-страници, па дури и хакирани профили на доверливи корисници за да дистрибуираат вируси кои ветуваат бесплатна содржина, а всушност крадат сè од компјутерот.
Опасност за вашите пари: Ги заобиколува дури и двофакторските заштити
-
Добро утро
699 ден
524.25 ден
Она што го прави „Stealka“ исклучително опасен е неговата способност да ги „исцеди“ податоците од прелистувачите (Chromium и Gecko). Тој краде лозинки, броеви на кредитни картички и колачиња, овозможувајќи им на хакерите да влезат во вашите сметки без лозинка и да ја заобиколат двофакторската автентикација. Главна цел се крипто-паричниците, а честопати заразениот компјутер станува и „рудар“ за криптовалути, трошејќи ги вашите хардверски ресурси.


