
Државниот завод за статистика регистрира загрижувачки тренд во третото тримесечје од 2025 година: Бројот на разводи е драстично зголемен за 27,7%, додека бројот на склучени бракови бележи пад од 2,8%.
Во овој период се регистрирани 470 разводи, наспроти 3.514 склучени бракови. Ова укажува на значителни промени во брачната демографија во споредба со истиот период минатата година.
Позитивен раст на наталитетот, но природниот прираст останува негативен
Супер Попуст -25%
-
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден
Иако бројот на живородени деца е зголемен за 3,7% (вкупно 4.431 бебе), а смртноста е благо намалена за 0,5% (4.849 лица), Македонија сè уште се соочува со негативен природен прираст. Бројот на починати го надминува бројот на родени за 418 лица. За жал, во овој период се регистрирани и 20 починати доенчиња.


