во

Ескалација на фронтот: Владимир Путин ја зголеми руската армија, а Зеленски тврди дека Северна Кореја спрема нови 10.000 војници

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на руска територија веќе се стационирани повеќе од 8.000 севернокорејски војници, додека во тек се подготовки за распоредување на уште 10.000 војници, во време кога Русија дополнително ја зголемува својата армија и одбранбениот буџет.

Зголемување на руската армија и воениот буџет

Со претседателскиот указ потпишан од рускиот претседател Владимир Путин, бројот на активните воени лица е зголемен на 1,55 милиони, додека вкупниот број на руските вооружени сили достигна 2.441.630 припадници (зголемување за 15.500 лица).

Супер Попуст -25%

Во исто време, новите владини документи откриваат дека Русија планира драстично зголемување на трошоците за одбрана. Во 2027 година се планира да се потрошат 17,1 трилион рубли (околу 202,58 милијарди долари), што претставува скок од 27% во однос на првичните планови и највисока сума од почетокот на војната во 2022 година.

Воена соработка меѓу Пјонгјанг и Москва

Според проценките на Украина и Јужна Кореја, Северна Кореја од 2024 година наваму има испратено меѓу 14.000 и 15.000 војници како поддршка за руските воени операции, најчесто распоредени во регионот Курск.

Покрај човечките ресурси, Пјонгјанг ја снабдува Русија со милиони артилериски и минофрлачки гранати, како и со балистички ракети и ракетни системи.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Нови чекори од Москва: Путин со указ ја прошири руската војска на 2,44 милиони лица

Необична предизборна кампања: Александар Вучиќ глуми келнер кој „сервира“ политички ветувања на семејство