во ,

ЗАГРЕБ СТАВИ РАМПА: Забранети усташки симболи и поздравот „За дом спремни“ на јавни настани.

Градското собрание на Загреб усвои резолуција со која го повикува градоначалникот да преземе мерки за спречување на употребата на фашистички и усташки симболи, слогани и пароли, вклучувајќи го и „За дом спремни“, на сите јавни површини и настани под надлежност на градот.

Одлуката се однесува на површините управувани од градските институции и комерцијалните компании, како и на сите јавни површини за кои Градот издава дозволи за одржување настани. Советниците рекоа дека целта е да се заштити јавниот простор од пораки што поттикнуваат омраза, насилство и ексклузивност, објави „Индекс“.

Концертот на Томпсон сепак ќе се одржи

Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, денеска изјави дека употребата на усташки симболи во просторите управувани од Градот Загреб ќе биде забранета, но дека концертот на Марко Перковиќ Томпсон, познат по промовирањето на усташките во своите песни, сепак ќе се одржи на 27 декември, бидејќи претходно е потпишан договор за него.

Одлуката се темели на Уставот и Европскиот суд

Претседателката на клубот на советници „Можеме“, Ива Ившиќ, истакна дека заклучокот се темели на антифашистичките вредности на Уставот на Република Хрватска, како и на ставовите на Уставниот суд и на Европскиот суд за човекови права.

– Уставниот суд јасно наведе дека „За дом спремни“ е усташки поздрав на Независната Држава Хрватска и дека не е во согласност со Уставот, додека Европскиот суд за човекови права во случајот „Шимуниќ против Хрватска“ утврди дека неговата јавна употреба не е заштитена со слободата на изразување, бидејќи поттикнува омраза – потсети Ившиќ.

Томашевиќ појасни дека не се работи за забрана на уметност, туку јасно се поставува границата за она што е неуставно. „Ако има [употреба на поздравот], тоа ќе биде одлука на Томпсон и на неговиот менаџмент“, рече Томашевиќ.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

СТАБИЛНО, НО СТУДЕНО: По утринската магла, нè чека сончев ден со температури до 19 степени

Дијамантот на пријателката на Џеки Кенеди е продаден за 25,6 милиони долари