
Кравите кои се одгледуваат да произведуваат помалку метан, за време на испуштањето гасови, би можеле да се покажат како важен сојузник во борбата против климатските промени, изјавил професорот Мајк Кофи од Шкотскиот рурален колеџ.
Кофи открил дека телињата родени во програмата за одгледување „Кул крави“ (Cool Cows) произведуваат два отсто помалку метан од нивните родители.
„Трајно и кумулативно“
„Тоа е трајно и кумулативно. Значи, штом ќе добиете животно што произведува помалку метан, тоа произведува помалку во текот на целиот свој живот. Кога ќе го спарите со бик што произведува помалку метан, неговото потомство произведува уште помалку. И само продолжувате… Во текот на 20 години, можете да го намалите тоа за 40 проценти“, изјавил Кофи.
Во Велика Британија, според проценките на научниците, земјоделството учествува со десет отсто во емисијата на стакленички гасови, а деветте милиони крави и телиња во таа земја даваат значителен придонес.
Според податоците на Организацијата на Обединетите нации за храна и земјоделство, кравите и другите домашни животни произведуваат најмалку 12 отсто од глобалните емисии на метан.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







