
Деблокирани податоци за балистичките ракети
Во своето интервју за телевизијата „NBC“, Зеленски откри дека Вашингтон извесен период ја блокирал размената на разузнавачки информации, поради што Украина не добивала навремени предупредувања за време на тридневните руски напади со балистички ракети врз енергетската инфраструктура на земјата.
-
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден
„Беше блокирано одредено време, а потоа американската страна го деблокираше. Многу сме благодарни за тоа. Само САД ја имаат оваа единствена разузнавачка информација врз основа на која можат да нè информираат кога Русија користи балистички ракети“, истакна украинскиот претседател.
Критики за „Старлинк“ и договорот меѓу Трамп и Путин
Односите меѓу Киев и Вашингтон се оптоварени со неколку паралелни спорови. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно побара Украина да ги запре нападите врз руските нафтени постројки и објави договор со Владимир Путин за пласирање руски дизел на светскиот пазар (поради растот на цените предизвикан од тензиите во Ормускиот теснец). Зеленски овој потег отворено го нарече „подарок за Путин“.
Дополнително, Зеленски изнесе тврдење дека САД стојат зад ненадејното ограничување на брзината на сателитскиот интернет преку системот „Starlink“ на компанијата „SpaceX“ во сопственост на Илон Маск, што сериозно го отежнало користењето на украинските беспилотни летала на фронтот.
„Тоа беше порака од американската влада да се ограничи брзината на терминалите во Украина. И технички, тоа го направи SpaceX“, дециден е Зеленски во своето интервју.


