
Руските научници предупредија за појава на силна магнетна бура, која би можела да биде најсилната оваа година и една од најсилните во последните неколку години, пренесуваат руските медиуми.
Земјата е веќе погодена од плазматски тек од „коронална дупка“ на Сонцето, а истовремено се очекува пристигнување на два плазма облаци исфрлени од моќни сончеви ерупции што се случиле пред два дена. Оваа „тројна“ закана ги стави научниците во состојба на готовност.
-
Петок
699 ден
524.25 ден
Според Лабораторијата за сончева астрономија (ИКИ) на Руската академија на науките, магнетните бури започнале уште вчера, а денешниот ефект на короналната дупка ги довел параметрите на сончевиот ветар до „сосема екстремни вредности“.
Сепак, научниците велат дека ова е само „прелудиум“ за главниот настан – пристигнувањето на главната маса плазма во следните 24 часа.
Повеќе од само бура – можен е директен удар?
Засега не е јасно дали двата облаци плазма се споиле во еден на патот кон нас. Прелиминарното моделирање покажува дека најгустите делови од сончевите ерупции сепак ќе ја промашат Земјата и дека само нивните надворешни региони ќе влијаат на планетата. Во тој случај, геомагнетните бури нема да го надминат нивото Г4 (од можни пет).
Меѓутоа, доколку проценката е погрешна и Земјата биде погодена од фронтален удар, научниците не ја исклучуваат можноста бурите да го достигнат највисокото ниво, Г5.


