
Земјата се расцепи во должина од 10 километри: Феномен во Кина ги загрижи, но и фасцинира научниците
Спектакуларна и помалку застрашувачка глетка доаѓа од кинеската провинција Шанси. На познатата Висорамнина Лес, земјата буквално се „поцепила“, формирајќи ја раседната долина Пинглу која се протега со километри. Овој геолошки феномен не е сцена од филм за катастрофи, туку резултат на моќна природна комбинација: судирот на Евроазиската и Индиската тектонска плоча, дополнет со интензивна ерозија од ветерот и водата врз кревкото земјиште.
Плодна, но опасна земја: Лулка на цивилизацијата
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден
Иако глетката изгледа апокалиптично, оваа област е една од најплодните во светот. Специфичните седиментни карпи (лес) овозможиле развој на древната кинеска цивилизација, но денес претставуваат сериозен еколошки предизвик. Научниците користат сателитски снимки за да го следат ширењето на пукнатината, предупредувајќи дека без итно пошумување, ерозијата може неповратно да го уништи овој историски пејзаж.


