во ,

Земјата се отвори и го проголта: Морничава снимка од Бразил го обиколи светот

Во бразилскиот град Манаус, на 9 октомври, се случил бизарен инцидент кога еден млад човек бил „проголтан“ од дупка што ненадејно се отворила среде тротоарот.

Несреќата била снимена од надзорна камера, а целата снимка покажува како младиот човек мирно чекори, пред земјата буквално да исчезне под неговите нозе. За среќа, возачи на мотоцикли кои поминувале во тој момент веднаш притрчале на помош и успеале да го извлечат.

За сите храбри борци

Иако поминал со полесни повреди на рацете, причината за инцидентот е застрашувачка. Властите откриле дека уривањето било предизвикано од истекување на отпадни води од дотраени цевки, но и од присуство на илегална канализациска мрежа.

Повеќе од само несреќа – последица на негрижа

Жителите од овој дел на градот изјавиле дека со денови забележувале истекување на отпадни води од една куќа, кои ја натопувале земјата и го ослабеле тлото под тротоарот. Истрагата потврдила дека илегална цевка била прикачена на системот за одводнување на дождовница. Мешањето на фекалните води со дождовницата ја забрзало корозијата, што довело до ерозија на почвата и конечно до колапс.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Ќе трпам последици кога ќе слетаме“: Најромантичниот пилот го насмеа светот

Череп на млада Чилеанка ја препишува историјата на Антарктикот