
Поранешниот индонезиски претседател Сухарто – диктатор поддржан од САД, чиј режим ги надгледувал крвавите масакри од Студената војна и бил обвинет за кражба на огромни суми државни пари – во понеделникот постхумно беше прогласен за национален херој.
Овој потег предизвика протести од групите за човекови права, кои оценија дека наградата е обид да се избришат дамките од репресивниот режим, кој според историчарите оставил стотици илјади мртви. Титулата му ја додели актуелниот лидер на Индонезија, Прабово Субијанто – поранешен зет на Сухарто и самиот контроверзен поранешен генерал, обвинет за кршење на човековите права.
Кој беше Сухарто? Сојузник на САД кој уби 1 милион луѓе

Роден во 1921 година, Сухарто дошол на власт по крвопролевањето во 1965 година, предизвикано од неуспешен пуч. Сухарто за пучот ги обвинил комунистите, го сменил тогашниот претседател Сукарно и наредил „чистка“.
Следувала национална репресија врз наводните комунисти, при што историчарите проценуваат дека биле убиени меѓу 500.000 и 1 милион луѓе. Соединетите Држави ги поддржувале овие антикомунистички масакри, обезбедувајќи списоци со имиња на високи функционери, опрема и пари на индонезиската војска.
Во 2016 година, меѓународен трибунал во Хаг утврди дека САД, Велика Британија и Австралија биле соучесници во масовните убиства, кои беа оквалификувани како злосторства против човештвото.
Сухарто остана на власт 31 година, сузбивајќи ги критичарите и пренасочувајќи огромни суми пари од државната каса за финансирање на луксузниот живот на неговото семејство. Тој беше принуден да поднесе оставка во 1998 година по масовните протести. Сухарто почина во 2008 година, без никогаш да излезе пред суд.
Иронија: Зетот-генерал му додели титула
Многумина истакнуваат дека Сухарто ја добил честа токму од Прабово – кој бил оженет со ќерката на Сухарто од 1983 година. Прабово, исто така, бил воен командант за време на владеењето на Сухарто и бил обвинет за киднапирање активисти за време на протестите во 1998 година, што довело до негово разрешување од војската. Неговиот избор за претседател во 2024 година предизвика загриженост за враќање на Индонезија во воено-авторитарната ера.
Реакции: „Шокиран сум, ова е апсурдно“

Групите за човекови права, вклучително и „Amnesty International“, го опишаа овој потег како „обид за препишување на историјата“. Беџо Унтунг, кој бил затворен без судење и мачен девет години поради наводни врски со комунистите, изјави за „Associated Press“: „Бев шокиран, разочаран и лут поради апсурдната одлука на оваа влада“.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







