во

И покрај најавите за преговори: Масовни меѓусебни напади на Русија и Украина по средбата Путин–Виткоф

Русија и Украина во текот на ноќта разменија масовни воздушни напади, само неколку часа откако специјалниот американски пратеник Стив Виткоф одржа разговори со рускиот претседател Владимир Путин во Санкт Петербург во обид да посредува за мир.

Ракети врз Киев и Харков, Сибиха ја иронизира „руската хуманост“

Во раните утрински часови, Киев беше цел на жесток ракетен напад при што беа повредени најмалку 15 лица, од кои осум се хоспитализирани. Градоначалникот Виталиј Кличко потврди дека е оштетена инфраструктурата на метрото на Јужниот мост преку реката Днепар.

Супер Попуст -25%

Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, истакна дека нападите погодиле енергетска инфраструктура, медицински установи и станбени населби. Во својата реакција, тој се осврна на неодамнешната изјава на американскиот пратеник Виткоф, кој го нарече Путин „хуманитарец“ по ослободувањето на американски државјанин.

„Ноќеска жителите на Киев слушнаа како навистина звучи руската ‘хуманост’: брутален напад со десетици балистички ракети“, напиша Сибиха.

Паралелно со нападите во главниот град, во регионот Харков загина една жена, а четири лица беа повредени, додека дрон погоди и дел од енергетската инфраструктура во регионот Полтава.

Стотици украински дронови лансирани кон Москва

Од друга страна, градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, соопшти дека кон московскиот регион биле лансирани дури 630 украински дронови во текот на ноќта, од кои 163 биле директно насочени кон руската престолнина. Тој информираше дека поголемиот дел биле уништени од противвоздушната одбрана, но најмалку две лица се повредени.

Во западниот руски град Липецк, еден маж бил повреден откако дронови погодиле станбени згради и медицинска установа, потврди локалниот гувернер.

Оваа размена на оган доаѓа во момент кога администрацијата на Доналд Трамп се обидува да посредува меѓу двете страни. Иако Путин начелно се согласи на обнова на мировните разговори следниот месец, а Трамп оцени дека светот е „најблиску до завршување на војната“, состојбата на теренот покажува дека конфликтот сè уште беснее со несмален интензитет.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кремљ незадоволен од новите мировни предлози: Преговорите со Украина продолжуваат во ноември

Мицкоски на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора: Во фокусот економијата, безбедноста и интеграцијата во ЕУ