во ,

Илјадници делфини во трка со времето, фотографот го снимил неверојатниот звук

Спектакуларна снимка на која се гледаат илјадници делфини како „јурат“ преку океанот, во близина на брегот на Калифорнија, стана вирална на TikTok.

Ја снимил професионалниот фотограф Доменик Бијаџини, на 16 октомври, а прикажува таканаречено стампедо на делфини – синхронизирано движење на огромна група низ водата.

Викенд Намаление

„Го слушате ли тој звук?“

Од објавувањето на 19 октомври, снимката „собрала“ 3,2 милиони прегледи, со опис: „5.000 делфини во стампедо – еден од најспектакуларните призори на Земјата“.

„Го слушате ли тој звук? Тоа не е голем брод – тоа е стампедото“, се слуша како вели Доменик. Камерата потоа преминува преку површината на водата, а имаме можност да го видиме огромното јато во совршен ритам. Иако Доменик е ветеран во светот на морската фотографија, тој вели дека оваа „средба“ била посебна.

„Да се види толкава група како истовремено се движи во сите правци, тоа го одзема здивот! Имавме среќа што еден дел од групата се движеше кон нас, и речиси може да се слушне возбудата во мојот глас додека снимав“, рече тој.

Повеќе од само глетка – бегство од орки?

Иако „стампедото на делфини“ не е непозната појава, размерите на овој настан се исклучителни, пренесува Newsweek. „Просечна група делфини брои меѓу 100 и 500 единки. Ова беше мега-јато“, додал Доменик.

Тој истакнува дека делфините се движат во оваа „формација“ најчесто од две причини – кога одат кон подрачје богато со риби, или кога бегаат од предатори.

„Понекогаш тоа го прават и без очигледна причина… можеби како вид ‘вежба’. Во овој случај, во близина се наоѓаа орки“, изјавил авторот на неверојатната снимка.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вистината не е таму горе, туку во длабочините на океанот

Вашата ограда е првиот впечаток, немојте да погрешите со естетиката