
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, нагласи дека ова предупредување воопшто не е насочено кон бугарскиот народ, туку кон секоја суверена држава што би овозможила од нејзина територија да се изведуваат воени дејства. Тој потенцираше дека според ставот на Техеран, обезбедувањето каква било поддршка за американско-израелски воени операции автоматски би значело и директно учество во агресија.
Право на директен одговор
-
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден
Иранскиот дипломат беше исклучително директен во однос на можните последици и реакцијата на Техеран во случај на конфликт. Тој јасно порача дека Иран го задржува легитимното право да одговори и да возврати директно на местото од кое би бил изведен евентуален напад врз нивната држава. Според Багеи, ниту една земја нема причина да се чувствува загрозена од Иран, под услов да не дозволи нејзината територија да биде отскочна даска за напади.
„Немаме никаков проблем со бугарскиот народ. Но, евентуалното учество на Бугарија во планирањето или изведувањето воени операции против Иран ќе биде оценето како соучесништво во агресија и воени злосторства.“
Американски авиони во базата Безмер
Во своето обраќање, Багеи посебно се осврна на американските авиони-цистерни кои неодамна престојувале во Бугарија. Станува збор за стратешки летала наменети за воздушно дополнување гориво, чие присуство во бугарска база Техеран го оценува како отворена форма на поддршка за американските и израелските воени активности. Ова прашање повторно се актуелизираше откако бугарскиот парламентарен одбор за одбрана го поддржа владиниот предлог за привремено распоредување американски воени летала и персонал во воздухопловната база Безмер.


