во ,

Исповед на Марио од 2Бона: „И да немам деца, би останал со неа“

Марио Јелиќ-Кун одлучи да си ја отвори душата и да сподели детали за приватниот живот за кои претходно не сакал да зборува.

31-годишниот пејач на популарната група 2Бона се отвори за моментите кога неговата идна сопруга, Исидора Станојевиќ, му кажала дека не може да остане трудна. Исповедта ја даде во поткастот на докторот Ненад Лазаров.

„Ми кажа дека не може да остане трудна, но тоа не ми беше битно“

Марио сподели дека тоа воопшто не му било важно, бидејќи неговата љубов кон Исидора била преголема. „Многу беше зрело за нејзините години, затоа што ми го кажа тоа уште пред да имаме нешто сериозно,“ раскажа тој. „Ми кажа: ‘Не можам да останам трудна’, родена сум со синдром.“

Реклама

„Мене тоа не ми е битно, битно ми е да сум среќен со неа. Јас не сум со неа затоа што таа може мене да ми роди деца,“ искрен е Марио. Пејачот не крие дека премногу ја сака сопругата. „И да немам деца би останал со неа, не ме интересира.“

Три успешни ембриони и надеж за деца преку сурогат-мајка

Парот, кој се вери минатиот октомври, сепак ќе има свои деца. „Благодарение на медицината што е толку напредна, ние имаме успешни три ембриони. Тие чекаат само да се лансираат во сурогат-мајка,“ откри тој. Сурогат-мајката ќе ги износи децата 9 месеци.

„Во нејзината ситуација тоа е благослов, затоа што нејзиниот синдром овозможува да може да има свои деца. Фактички има здрави јајце-клетки кои се спојуваат со семето на мажот,“ рече Марио.

Порака до сите што се соочуваат со сличен проблем

Марио одлучил да зборува за личниот живот за да ги охрабри сите што се соочуваат со слична ситуација. „Ова порано го сметав за слабост, но сега го сметам како моќ. Откако ја запознав Исидора, сфатив колку е овој случај чест,“ вели тој.

„Го зборувам ова затоа што животот не прекинува. Децата не се сè во животот. Јас сум сè во животот, мојата љубов е сè во животот. Важно е да сме среќни и да уживаме во секој момент,“ заклучи тој.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Почина легендарниот актер Мајкл Медсен, ѕвездата од филмовите на Тарантино

Математичкиот гениј Македон Димитровски завиен со македонското знаме ги прослави пехарот во Несебар