
Крај на вековната географска неправда
Резолуцијата под наслов „Correct the Map“ (Исправете ја картата) беше иницирана од членовите на Африканската унија и Бахамите, со цел да се стави крај на погрешната глобална перцепција. Овој историски документ беше усвоен со огромно мнозинство од дури 164 земји-членки, додека Соединетите Американски Држави беа единствената држава која гласаше против. Шест земји одлучија да останат воздржани во овој процес, и тоа: Естонија, Грузија, Литванија, Молдавија, Србија и Украина.
-
La Linea v3
699 ден
524.25 ден

Меркаторовата проекција заминува во историјата
Иницијаторите на резолуцијата потенцираат дека досегашните искривувања на картите придонеле африканскиот континент да претрпи сериозно „симболично намалување“ во очите на светската јавност. Главниот проблем лежи во користењето на Меркаторовата проекција од 1569 година, која иако е одлична за поморска навигација, создава огромни диспропорции во големината на копното. Според оваа застарена карта, земјите кои се наоѓаат подалеку од екваторот изгледаат непропорционално поголеми од оние кои се сместени во екваторијалниот појас.
„Резолуцијата има за цел да обезбеди порамноправна застапеност на сите региони во светот, особено на Африка, исправајќи ја картографската неправда стара повеќе од четири века.“
Вистинските размери конечно на виделина
За да се разбере апсурдноста на старата карта, експертите посочуваат на драстичните примери кои со генерации се изучуваа низ образовниот систем. На Меркаторовата проекција, Гренланд изгледа значително поголем од цела Јужна Америка и визуелно е речиси ист како Африка, што е целосно надвор од научната реалност. Вистината е дека Гренланд по површина е еднаков само на Демократска Република Конго, додека целиот африкански континент е всушност неверојатни 14 пати поголем од овој северен остров.


